Коцките со афион се вкусно уживање кое го сакаат сите генерации, а ние ви пренесуваме едноставен рецепт кој е погоден дури и за почетници.
Мирисот на свежо испечен колач со афион не враќа во кујните на нашите баби, каде тестото се месеше во големи чинии, а семето од афион се мелеше со рака. Колачот со афион е едноставен, вкусен и посебен по својот ароматичен фил кој мириса на детство.
Пробајте ги овие вкусни коцки со афион по рецепт кој е сосема поинаков од традиционалниот.
Состојки:
4 јајца
100 гр шеќер
100 гр брашно
3 лажици гриз
1 прашок за пециво
2 лажици мелена плазма или презла
50 гр суво грозје во рум
80 мл масло
200 мл јогурт
200 гр мелено семе од афион
50 ml сладок крем за готвење
За полнењето:
3 лажици џем од кајсии
100 гр чоколадо
Подготовка:
Јајцата се матат со шеќер, па се додава просеано брашно со гриз и прашокот за пециво. Додадете мелена плазма или презла, суво грозје во рум, масло и јогурт.
Малку измешајте, па додајте го мелениот афион и слатката павлака за готвење.
Печете 40 минути на 180 степени. Може да потрае подолго за убаво да се зарумени, во зависност од рерната.