Во скопското Обвинителство сеуште не се пристигнати резултатите од мерењата на Министерството за животна средина што беа правени вчера во околината каде гореше токсичен отпад во магацини за рециклирање на пластика, електричен отпад и литиумски батерии. Министерот Изет Меџити вети транспарентно објавување штом бидат добиени за конечно жителите да знаат што дишат по апокалиптичниот пожар во Трубарево. Во меѓувреме Кривичниот суд им определи краткотраен притвор на сопствениците на отпадот.
“Краткотраен притвор за пожарот во Трубарево.Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО – Скопје за определување краткотраен притвор за 4 лица, кои доцна синоќа беа спроведени во судот а поврзани со пожарот кој на 13.09.2025 година се случи во Трубарево – Скопје, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на: В.М., З.С., М.Д. и Л.Д. им определи мерка притвор во траење од 48 часа.Четворицата се осомничени за кривичното дело до чл. 230 ст.3 вв со ст. 1 од КЗ, односно Загрозување на животната средина и природата, стои во соопштението на судот.
Од ИЈЗ вчера излегоа со резултати по мерењата на радијација и потврдија дека нема опасност во околината на огнената стихија која пак предизвика загадување со тешки хемиски отрови.
Извршната власт вчера обвини дека зад масовното потпалување на депониите стои хибриден напад, организиран од центри на моќ, внатре и надвор од државата. (П.А)