Земјотрес со интензитет од 3,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во петок во 07.31 часот во Грција.

Според последните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на островот Лефкада.

„Столицата се тресеше многу“, „Краток, но силен“, се само дел од коментарите на луѓето кои го почувствувале земјотресот.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

ИЗДВОЕНИ