Кралот Чарлс III одиграл значајна улога во обидот да го убеди американскиот претседател Доналд Трамп во способноста на украинските вооружени сили да дејствуваат ефикасно, пишува британскиот „Тајмс“, повикувајќи се на извори во администрацијата на Володимир Зеленски.
Според кабинетот на украинскиот претседател, личните разговори меѓу британскиот монарх и американскиот лидер за време на државната посета на Лондон биле „многу важни“.
Кралот го пречека Трамп во замокот Виндзор, каде што, покрај ручекот и свечената вечера, целиот ден го поминале во разговор. На државниот банкет, Чарлс се потсетил на заедничката историја на САД и Велика Британија, нагласувајќи дека двете земји „се бореле заедно во две светски војни“.
По оваа посета, Трамп во повеќе наврати давал изјави во кои го поддржувал Киев, што Киев го толкува како последица на личниот ангажман на британскиот монарх.