Со многу емоции и искрени аплаузи помина втората фестивалска вечер од Божикниот театарски фестивал во организација на Општина Кисела Вода.
-Публиката имаше можност да ја проследи театарската претстава „За нас почнува живот“, во изведба на театарското здружение „Мана“, под режија на Дејан Пројковски, со Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Нино Леви во главните улоги. Општина Кисела Вода продолжува континуирано да ја поддржува културата на локално ниво, создавајќи платформа преку која публиката има можност поблиску да се запознае и да се зближи со театарската уметност, како и да ужива во квалитетни културни содржини – информираат од локалната самоуправа.
Вечерва, со почеток во 18:00 часот, на програмата е театарската претстава „Кралица Срце“ на театарското здружение „Триангл“. Во претставата настапуваат Марика Поповиќ, Андреј Наумов и Јане Дунимагловски, а режијата и сценариото се на Десанка Глигоријевиќ.
Во 19:30 часот следува театарската претстава „Другарство“ на Театарското здружение „Дивизион Арт“, со Винета Дамчевска, Мики Анчевски и Марија Ѓорѓиовска во актерската екипа.
Картите за претставите се бесплатни, но бројот на места е ограничен.
За присуство е потребна претходна регистрација со лични податоци, најдоцна денеска до 16:00 часот, на следните контакт броеви: Даниела – 075/380-928 и Верица – 071/804-474.
Општина Кисела Вода ги поканува сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на програмата на Божикниот театарски фестивал и да бидат дел од културните настани кои се реализираат во рамки на фестивалот.












