четврток, септември 24, 2026
Дома БАЛКАН „Крал Ладислав“ и „Кнез Трпимир“ паднаа на аеродром: Браќа од Авганистан се...

„Крал Ладислав“ и „Кнез Трпимир“ паднаа на аеродром: Браќа од Авганистан се обиделе да одлетаат за Германија со фалсификувани документи

135

Двајца браќа од Авганистан се уапсени на аеродромот во Хрватска додека се обидувале да се качат на лет за Германија. Утврдено е дека тие претходно од Грција влегле во Хрватска со фалсификувани хрватски лични карти.

Според информациите на далматинскиот портал, на фалсификуваните документи се наведени необични имиња. Малолетниот брат користел лична карта на име „Крал Ладислав“, додека неговиот полнолетен брат имал исправа издадена на име „Кнез Трпимир“.

Откако бил изведен пред истражен судија на Жупанискиот суд, на полнолетниот маж му е изречена мерка притвор поради опасност од бегство.

Неговиот малолетен брат е сместен во Домот за деца и младинци во Брди.

Според истиот портал, браќата фалсификуваните документи ги набавиле во Атина.

По нивното приведување, поведена е постапка, а надлежните органи продолжуваат со утврдување на сите околности поврзани со нивниот влез во Хрватска и употребата на фалсификувани документи.

ИЗДВОЕНИ