САД нема да го одложат воведувањето на царини за повеќе од 14 земји планирано за 1 август, објави денес американскиот претседател Доналд Трамп.
„Рокот – 1 август е непроменет и нема да биде продолжен. Голем ден за Америка!“ напиша тој на својата социјална мрежа Truth Social.
На 7 јули, Трамп ги објави своите писма до лидерите на 14 земји, во кои најави воведување царини од 25 до 40 проценти за нивните земји од 1 август.