Поштата на Данска соопшти дека на 30 декември ќе ги достави последните писма. Со ова завршува традицијата долга 400 години, а причината е тоа што испраќањето писма драстично опаднало во последните 25 години – за повеќе од 90 проценти.
„Пост Норд“, компанијата што настана со спојување на шведската и на данската пошта, соопшти дека ќе укине 1.500 работни места.
За само три часа беа распродадени сите илјада црвени поштенски сандачиња, а приходот е наменет за хуманитарни цели.












