
Најголемата ѕвезда во дресот на најпознатиот американски фудбалски клуб, Интер од Мајами, Лионел Меси, не планира повторно да игра во Европа, открија медиумите во САД. Истите извори додаваат дека Меси ќе стави крај на репрезентативната кариера по завршетокот на СП 2026, а на клупската во 2028 година кога ќе му заврши договорот со Интер Мајами.











