Крај на операцијата: Русите го ослободија јужниот дел на Доњецк

459
EPA/YAKIV LIASHENKO

Руските сили го ослободија јужниот дел од Доњецката Народна Република (ДНР), изјави регионалниот гувернер Денис Пушилин.

Тој рече дека ослободувањето на селото Камишеваха го означи крајот на операцијата.

„Сите населби на југот од републиката, што е зона на одговорност на Воената група Исток, се ослободени. Остана само една населба, така што сега е завршено. Сите територии на јужниот ДНР, сите наши градови и области се ослободени“, рече Пушилин во видео објавено на социјалните мрежи.

Руското Министерство за одбрана вчера објави дека Руската воена група Исток ја презеде контролата врз Камишеваха како резултат на офанзивни акции, пренесува Atv.

ИЗДВОЕНИ