Крај на хаосот со паркингот на Клинички!

94

Владата на вчерашната седница, донесе одлука земјиштето на паркингот во Клиничкиот центар да премине во државна сопственост, а се обезбедија и пари за набавка на 100 амбулантни возила, со што ќе се подобри возниот парки.

– 100 нови амбулантни возила со медицинска опрема за јавните здравствени установи низ државата. Со оваа одлука обезбедуваме средства за набавка на 100 нови амбулантни возила, со вкупна вредност од 461.250.000 денари, со преземање обврски во рамки на развојниот дел од буџетот во наредните четири години. Ова ќе значи побрза и поефикасна интервенција во итни случаи, навремен транспорт на пациенти до секундарно и терциерно ниво, подобра покриеност во урбаните и во руралните средини – соопшти министерот за здравство Азир Алиу.

Исто така, продолжува постапката за решавање на проблемот со паркингот во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Земјиштето на паркинг просторот ќе се запише во сопственост на Република Северна Македонија, со што се отстранува административната пречка за потпишување на договор со ЈП „Градски паркинг – Скопје“. Со овој договор ќе се овозможи модернизација и значително зголемување на капацитетите за паркирање, но и воспоставување ред.

– Предвидуваме комплетен мониторинг на паркирањето, информативни табли и дигитален водич што ќе ги насочува граѓаните. Целта која ќе ја постигнеме ќе биде пациентите и вработените да имаат функционален, безбеден и организиран пристап до комплексот клиники – додава Алиу.

ИЗДВОЕНИ