Екипата на Голден стејт претрпе елиминација од Минесота во Западната конференција, откако загубија со 4-1 во серијата. „Волците“ победија со 121:110 во петтиот натпревар и се пласираа во финалето каде го чекаат подобриот до четири победи од дуелот меѓу Денвер и Оклахома (2:3).
Кошаркарите на Минесота брзаа да го елиминираат Голден стејт во што е можно помалку натпревари, бидејќи најдобриот играч на тимот, Стеф Кари, се враќаше дури во шестиот дел, па може да се каже дека направија фантастичен потег кој можеби заврши една голема династија. Најдобриот клуб во последната деценија веројатно нема да освои уште еден прстен со Дрејмонд Грин (35) и Стеф Кари (37), и најверојатно ќе застане на четири – во 2015, 2017, 2018 и 2022 година.
THE MINNESOTA TIMBERWOLVES ADVANCE TO THEIR SECOND-CONSECUTIVE WESTERN CONFERENCE FINALS 🚨
Anthony Edwards has now ELIMINATED Steph Curry, LeBron James & Kevin Durant’s teams over his last five Playoff Series 😤 pic.twitter.com/qV0S1baU04
— Basketball Forever (@bballforever_) May 15, 2025
Од друга страна, можеби е време Минесота да ја започне својата ера бидејќи имаат многу интересен тим, предводен од Џулиус Рендл. Тој на последниот меч запиша 29 поени, осум скока и пет асистенции, додека се истакнаа и Ентони Едвардс со 22 поени, 12 асистенции и седум скока, и Руди Гобер со 17 поени.
Што се однесува до Голден стејт, во отсуство на Кари, Брендин Поджемски ја презеде одговорноста со 28 поени, Џонатан Куминга додаде 26, додека повеќе се очекуваше од искусниот Џими Батлер, кој застана на 17 коша.
Инаку, покрај елиминацијата, Голден стејт има нови маки. Имено, НБА го казни Дрејмонд Грин поради давање несоодветни коментари со кои се доведува во прашање интегритетот на судиите. Грин овие коментари ги пласираше за време на третиот натпревар од полуфиналната плејоф серија на Западната конференција против Минесота, кој неговиот тим го загуби со 97:102.
Добро познатиот НБА инсајдер и новинар на „ЕСПН“, Шамс Чаранија, изјави дека Грин бил казнет затоа што се обидел да ги мотивира своите соиграчи 15 секунди пред крајот на натпреварот, кога заостанувале со 94:102, кажувајќи им дека „хендикепот“ е 5,5. Крилниот играч на „воините“, Џонатан Куминга, кратко потоа погоди тројка, со што им донесе на „воините“ водство од пет поени и го „покри“ хендикепот.