Крај на евтиниот онлајн шопинг!

23

Министрите за финансии на Европската унија се согласија во четвртокот во 2026 година да воведат царини за пакети во вредност помала од 150 евра (170 американски долари) што пристигнуваат во блокот од 27-те земји членки.

Одлуката првенствено ќе ги погоди кинеските онлајн трговци „Шеин“ и „Тему“, објави „Ројтерс“. ЕУ првично планираше да го укине ослободувањето од царини за пакети со ниска вредност во 2028 година.

Но, милијардите пакети што пристигнуваат во ЕУ, претежно од Кина, предизвикаа реакција од европските компании и ги натераа политичарите брзо да дејствуваат.

Минатата година, 4,6 милијарди такви мали пакети влегоа во ЕУ, или повеќе од 145 во секунда, при што 91 процент доаѓаат од Кина. ЕУ очекува тој број да се зголеми.

ИЗДВОЕНИ