сабота, февруари 14, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Крај на ерата на руски гас во ЕУ: Прекинат извозот преку Украина!

Крај на ерата на руски гас во ЕУ: Прекинат извозот преку Украина!

110
EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Украинското Министерство за енергетика соопшти дека утрово го прекина транспортот на руски гас низ земјата.

„Во 7:00 часот, во интерес на националната безбедност, беше прекинат транспортот на руски природен гас преку територијата на Украина“, соопшти украинското Министерство.

Во соопштението се наведува дека Украина за ова ги известила меѓународните партнери согласно утврдената процедура.

„Го запревме транзитот на руски гас, одбележувајќи историски настан. Русија ги губи пазарите и ќе се соочи со финансиски загуби. Европа веќе одлучи да се откаже од рускиот гас. Европската иницијатива Repower EU се усогласува со она што Украина го постигна денес“, наведе украинското Министерство за енергетика.

ИЗДВОЕНИ