петок, февруари 6, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Крај на четиридневната работна недела во Британија

Крај на четиридневната работна недела во Британија

3999

Властите во Британија го укинуваат експериментот со четиридневна работна недела во локалните јавни служби и совети откако оцениле дека иако ефикасноста се подобрила, се појавиле зголемени трошоци и влошување на одредени јавни услуги.

Пилот-програмите покажаа дека од 24 јавни служби, кај 21 од нив ефикасноста останала иста или се подобрила. Сепак, анкетите меѓу граѓаните открија друга слика: кај 13 категории услуги, дури девет биле оценети како влошени.

Воведувањето четиридневна работна недела било поддржано од некои локални совети, кои пријавиле заштеди и зголемен интерес за работни места, но централната влада се изјаснила дека гласачите заслужуваат петдневна работна недела и дека не планира да ја прошири шемата.

ИЗДВОЕНИ