Крадец осуден на 13 месеци затвор за кражба на слика од Бенкси во Лондон

24

Лари Фрејзер (49), кој ја украде сликата на Бенкси „Девојка со балон“ од галеријата Гроув во Лондон, денес беше осуден на 13 месеци затвор, објави Скај њуз.

Казната дојде откако Фрејзер се изјасни за виновен по едно обвинение за кражба на нестанбен имот во Крунскиот суд во Кингстон на 9 октомври.

Сликата, која вреди 270.000 фунти (305.900 евра), е едно од најпознатите дела на уличниот уметник и беше украдена од галеријата на 8 септември минатата година, околу 23 часот.

ИЗДВОЕНИ