Крадец во холандскиот град Синт-Аналанд ѝ се извинил на 82-годишна жена за време на кражба во нејзиниот дом и ѝ вратил дел од украдениот накит, соопшти локалната полиција.
Инцидентот се случил во текот на ноќта, кога крадецот го скршил стаклото од вратата на терасата со камен, а жената се разбудила откако светлината стигнала до нејзината соба, а потоа слушнала тресок, објави денес холандскиот јавен сервис NOS.
Откако насилно ѝ се приближил на жената, тој го побарал накитот на лош англиски, соопшти полицијата.
Тој ѝ ги зел нараквицата и ѓерданот, но откако жената му кажала дека на герданот го носи венчалниот прстен на нејзиниот покоен сопруг, крадецот се предомислил.
„Извинете, морам, во неволја сум“, рекол крадецот, според кажувањето на жртвата, по што ѝ го вратил ѓерданот и избегал од местото на настанот.
Полицијата веднаш извршила пребарување на областа, но сторителот сè уште не е пронајден.