Кошаркарите на Кожув го изненадија Пелистер на гости, совладувајќи го со 76:83 во салата „Боро Чурлевски“ во Битола во рамки на 11. коло во Суперлигата.

Одличен меч одигра Ламар Вашингтон, кој мечот го заврши со дабл-дабл учинок од 31 поен и 10 скока. На спротивната страна прво име беше Ламар Вилсон со 24 поени и 16 скока.

Победа во ова коло извојува и КК Куманово, кој беше поуспешен од Работнички на домашен терен со 82:77, како и Феникс, совладувајќи го Гостивар дома со 77:56. До гостинска победа дојде тимот на Маџари со триумфот над Ангели со 77:101.

ФОТО: КК Кожув 

ИЗДВОЕНИ