Легендарниот хрватски фудбалер, Нико Ковач, го презеде кормилото на Борусија Дортмунд во време кога беше клубот во сериозна криза, но со својата работа успеа да направи пресврт, што ја изненади пошироката спортска јавност.
Финансискиот аспект на неговиот ангажман е исклучително значаен, а според информациите од германскиот весник „Билд“, тој има годишна плата од околу 3,5 милиони евра, што е за еден милион повеќе од неговиот претходник, Нури Сахин. Исто така, во договорот постои посебна клаузула што му дава дополнителни 750.000 евра бонус во случај на квалификација за Лигата на шампионите, што тој успешно го оствари. Се очекува клубот да ја продолжи соработката со него во следната сезона, со оглед на постигнатите резултати и на стабилноста што ја донесе во тимот.