Полицијата на Косово, во тесна соработка со Агенцијата за разузнавање (АКИ) и Јавното обвинителство, денес го уапси Фатмир Шехоли под основано сомнение за вмешаност во шпионажа.
На Шехоли му е одреден притвор до 48 часа, објавија медиумите во Приштина. Косовска полиција го претресува неговиот дом со цел да обезбеди материјални докази.
Министерот за внатрешни работи, Џелал Свечла, изјави дека случајот ќе се третира со највисок институционален сериозитет, бидејќи претставува едно од најтешките дела против безбедноста и уставниот поредок на Република Косово.
„Очекувам сериозен институционален третман на овој случај, кој е еден од најтешките акти против безбедноста и уставниот поредок на нашата држава. Поединци како овој, кои имаа неограничен медиумски простор, соработувале со актери што секојдневно работат за поткопување на нашата Република и нејзиниот напредок. Ќе останеме посветени на заштитата на нашата земја од сите кругови што не се двоумат да ја загрозат за сопствена корист. Времето на српските шпиони во Косово заврши. Секој што работи за Србија, а против Косово, ќе биде гонет без компромис. Републиката мора да се брани со највисока институционална и морална одговорност“, напиша Свечла на Фејсбук