Од граѓанската иницијатива велат дека службениците во Општината што се одговорни за процесот на изработка на ГУП-от се контроверзни во своите досегашни постапки и изјави.

– Од нашите претставници присутни на настанот дознаваме дека ГУП-от ќе го изработува фирма од Косово. На средбата била споделена ваква информација, како и тоа дека изработката ќе биде финансирана од приватни фирми. Одговорни за спроведување на процесот од страна на Општина Тетово се претседателката на Комисијата за урбанизам, Ревиде Рамани-Мурсели и раководителот на Секторот за урбанизам, Рилинд Селмани – потенцираат  од „Тетово сака парк“

 

Во екот на годишните одмори и спроти Илинден, Општина Тетово организирала јавна презентација на процесот за изработка на нов генерален урбанистички план на градот, објави граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“. Оттаму велат дека Општината известила за презентацијата само два дена претходно и не го послушала повикот на иницијативата таа да се одложи.

Игнорирањето на граѓаните и на нивниот увид во општинските планови за уредување на нивниот животен простор продолжува и по презентацијата, со целосно отсуство на официјални информации за најважниот урбанистички документ за Тетово.

Од „Тетово сака парк“ велат дека на јавната презентација било соопштено дека ГУП-от за Тетово ќе го изработува фирма од Косово, како и дека за тоа ќе платат приватни фирми, кои практично ќе ѝ го донираат генералниот урбанистички план на Општината.

Од граѓанската иницијатива велат и дека службениците во Општината што се одговорни за процесот на изработка на ГУП-от се контроверзни во своите досегашни постапки и изјави.

– Од нашите претставници присутни на настанот дознаваме дека ГУП-от ќе го изработува фирма од Косово. На средбата била споделена ваква информација, како и тоа дека изработката ќе биде финансирана од приватни фирми. Одговорни за спроведување на процесот од страна на Општина Тетово се претседателката на Комисијата за урбанизам, Ревиде Рамани-Мурсели и раководителот на Секторот за урбанизам, Рилинд Селмани – потенцираат  од „Тетово сака парк“.

Оттаму додаваат дека Рамани-Мурсели е позната по скандалот во кој со злоупотреба на својата службена положба му дозволила на сопругот да изгради и да легализира викендичка на Попова Шапка, на туѓо земјиште.

– Селмани е познат по изјавата дека не е спорно тоа што никнуваат згради и со по четири дивоизградени ката и што не е спорно тоа што тоа е кривично дело за кое се лежи затвор – важно е што Општината отпосле ќе го сменела ДУП-от и дополнително ќе им издала соодветно одобрение на таквите дивоградби. Потсетуваме дека плановите се подзаконски акти што немаат и не можат да имаат ретроактивно дејство – велат од „Тетово сака парк“.

Граѓанската иницијатива упатува повеќе прашања до градските власти во Тетово: „Зошто се незаменливи непознатата фирма од Косово, Ревиде Рамани-Мурсели и Рилинд Селмани? Како е избрана косовската фирма и зошто не е објавен склучениот договор? Колку и кому сѐ ќе му биде платено за тоа? Кои форми донираат изработка на ГУП и кој е нивниот интерес? Зошто ГУП-от не го изработува државната Агенција за планирање на просторот, имајќи предвид дека тоа беше неколку години во нејзината работна програма? Потсетуваме и на јавното соопштение од 31 јули, во кое Општина Тетово тврди дека фирмата на која градоначалникот Касами за смешни пари ѝ го продаде јавниот паркинг кај Градскиот пазар донирала 200.000 евра за изработка на ГУП-от. Правдајќи го продавањето, признаваат корупција“.

 

ИЗДВОЕНИ