вторник, јануари 27, 2026
Дома БАЛКАН Косово почнува да прифаќа мигранти што САД сакаат да ги депортираат

Косово почнува да прифаќа мигранти што САД сакаат да ги депортираат

382

Косово почна да прифаќа државјани на трети земји депортирани од САД, изјави доцна вчера премиерот во заминување Албин Курти, како дел од договорот постигнат во јуни меѓу двете земји, за ТВ станицата Канал10.

„Ги прифаќаме оние што САД не ги сакаат на своја територија. Ако не се лажам, еден или двајца од нив се тука“, рече Курти во интервју за телевизиската станица, осврнувајќи се на јунскиот договор.

Овој договор, кој го склучи владата во заминување, беше важечки една година и се однесува на педесет лица „со цел да се олесни нивното безбедно враќање во нивната земја на потекло“, изјави Курти во тоа време.

ИЗДВОЕНИ