Косово ќе прими до 50 мигранти од САД во рок од една година

25

Косовската влада одлучи да прифати до 50 мигранти од САД во рок од една година, јавија косовските медиуми.

Таа одлука е донесена на вчерашната електронска седница на косовската влада.

Според Коха, мигрантите ќе останат во Косово – „со цел да се олесни нивното безбедно враќање во земјата на потекло“.

„Владата на Косово ја одобри одлуката за обезбедување привремена и непосредна заштита на педесет (50) лица, како дел од соработката меѓу Владата на Република Косово и Соединетите Американски Држави. Лицата на кои се однесува оваа Одлука, за време на нивниот престој во Република Косово, ќе постапуваат во согласност со важечките законски прописи и ќе ги уживаат правата дефинирани со важечките законски прописи“, кратко изјавија од косовската влада.

ИЗДВОЕНИ