Врховниот суд на Косово ја потврди одлуката за забрана за носење хиџат во училиштата, сметајќи ја во согласнос тсо правилата за облекување пропишани од страна на Министерството за образование, наука, технологија и иновации. Судот со тоа ја отфрли тужбата која беше поднесена против оваа одлука од страна на Мрежата за професионален развој на жените „Арита“, пренесува Кликс.ба.
Организацијата „Аррита“ тврдеше дека забраната за носење марами во јавни образовни установи е невтемелена и дека претставува облик на дискриминација. Во нивната тужбна се наведува дека бројни девојки во последните четири години биле исфрлени од училиштата или им било забрането да посетуваат настава искличиво проади носење марама.
По жалбите на ученички од средните училишта, „Аррита“ се обрати до Врховниот суд барајќи поништување на спорната одлука. Меѓутоа, судот ја отфрли жалбата, со образложение дека Министерството за образование има законски овластувања да ги одредува правилата на однесување и облекување на учениците, во согласност со Законот за предиуниверзитетско образование и Законот за стручно образование и обука.
Забраната за носење марама во училиштата веќе со години предизвикува расправи на Косово, каде што 92 отсто од учениците се муслимани. Оваа тема прв пат стана предмет на поширока јавна дебата во 2010 година, кога управните инструкции на Министерството воведоа забрана за таканаречените „верски униформи“, под кои беше вброено и носењето марама.
Исламската заедница на Косово тогаш остро се спротивстави на таа одлука, порачувајќи дека марамите не се „верска униформа“, туку дел од верската обврска на секоја муслиманка.












