Привремено е забранет увозот во Косово на живи овци и кози од Македонија, поради потврда за присуство на болеста син јазик кај добитокот во Македонија, соопшти косовската Агенција за храна и ветеринарство (AHV).
Агенцијата упати повик до сточарите да ги држат своите стада под надзор, да не ги пуштаат во граничните зони со Северна Македонија и да се избегнуваат контакти со животни од таа земја.
Син јазик е вирусна болест и најчувствителни на тој вирус се овците, по што следуваат козите и говедата. Косовската агенција нагласува дека не се пренесува таа болест од животни на луѓе, ниту директно од животно на животно.