По повеќе од една година во политички ќор-сокак, Косово има нова влада. На нејзино чело е повторно Албин Курти, чија влада, во средата на вонредна седница пратениците ја потврдија со 66 гласа „за“ во парламентот со 120 места.
Неговата партија Ветевендосје (Самоопределување) освои 57 места на декемвриските избори, а тој успеа да добие поддршка од неколку мали партии на етничките малцинства. Новата влада се соочува со итни задачи за одобрување на буџетот за 2026 година и обезбедување меѓународни заеми и пакети за помош во вредност од стотици милиони евра, пишува „Ројтерс“.
Пред изборот, Курти најави дека за време на четиригодишниот мандат ќе работи на зајакнување на сојузите, ќе се инвестира една милијарда евра во одбраната, ќе се стави во употреба фабрика за муниција во Косово, ќе се развива воената индустрија и ќе се произведуваат домашни борбени беспилотни летала.
Курти, кратко, беше премиер во 2020 година, сè додека не му беше изгласана недоверба. Потоа беше премиер од 2021 до 2025 година, а минатата година беше на чело на техничката влада.
До 5 март, Косово треба да избере нов претседател, што би можело да биде предизвик, бидејќи процесот бара двотретинско мнозинство. Курти нема таква поддршка, па ќе ја бара во опозицијата. Во спротивност, му се закануваат нови вонредни избори.












