Во акција на српската полиција за заплена на 5 тони марихуана, уапсен е Иван Драгниќ, косопственик на компанијата „Алфафарм“, регистрирана во скопско за производство и преработка на медицински канабис, објави српскиот портал Блиц.
Вишиот суд во Белград му одреди притвор на Драгниќ и уште две лица, Н. С. и Р. С., по заплената на дрогата во селото Коњух кај Крушевац. Српското Јавно обвинителство за организиран криминал отвори истрага против пет лица, меѓу кои и Драгниќ, како и Александар Мијајловиќ, Небојша Спасојевиќ, Радет Спасојевиќ и Урош Младеновски.
Како што е наведено во соопштението, оваа организирана криминална група дејствувала на меѓународно ниво, со тоа што во текот на јануари оваа година набавила повеќе од пет тони марихуана на територијата на Македонија. Според планот на организаторот, Драгниќ ја транспортирал дрогата преку границата до магацинот на семејството Спасојевиќ, од каде што Урош Младеновски ја носел за понатамошна продажба.
Александар Мијајловиќ, означен како организатор на групата, се наоѓа во бегство, а српското обвинителство поднесе предлог за издавање меѓународна потерница против него.
Покрај марихуаната, полицијата заплени и 4 автоматски пушки, рачен фрлач и повеќе од 1,5 милиони динари, а вредноста на дрогата се проценува на околу 50 милиони евра.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, нагласи дека ова е најголемата заплена на дрога во историјата на земјата и дека дрогата најверојатно потекнува „од јужните соседи“, без да прецизира конкретно












