
На Русија не смее да ѝ се дозволи да постигне успех на преговарачката маса за Украина, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на прес-конференција во Киев.
„Единствениот пат напред е праведен и траен мир заснован на меѓународното право, почитувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и принципите на Повелбата на ОН. На Русија не смее да ѝ се дозволи да успее на преговарачката маса“, рече Кошта.
Претходно, рускиот заменик-министер за надворешни работи, Михаил Галузин, на маргините на Дискусиониот клуб „Валдај“ изјави дека европските политичари кои веруваат дека имаат право на место на преговарачката маса за Украина затоа што го спонзорираат режимот во Киев, треба да се фокусираат на барање мир, а не на финансирање на војна, објави „Спутник“
. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на 18 февруари изјави дека Русија го цени ставот на САД за решението во Украина, но ги следи европските обиди да го одвратат Вашингтон од курсот договорен во Анкориџ.











