Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, повтори во Обединетите нации дека решението за две држави е единственото решение за постигнување мир меѓу Израел и Палестина, пренесе „Бета“.
„Безбедна држава Израел признаена од сите земји-членки на Генералното собрание на Обединетите нации. Независна, демократска и одржлива држава Палестина. Две што постојат една до друга. Во мир“, рече тој во Њујорк.
Тој го повтори повикот на Европската Унија за итен прекин на огнот, неограничен и безбеден пристап до хуманитарна помош и безусловно ослободување на сите заложници.
„Ја осудуваме тековната воена офанзива во градот Газа. Исто така, силно ја осудуваме ескалацијата на насилството на Западниот Брег. Го повикуваме Израел да ги прекине овие операции. Да ги запре нелегалните населби“, додаде тој.
Тој нагласи дека по конфликтот нема место за Хамас, за тероризам, за нелегални населби и за убивање невини цивили, соопшти ЕУ.
„Никаде: ниту во Газа, ниту на Западниот Брег, ниту во Источен Ерусалим, ниту во Израел“, рече тој.