Кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во 2028 година во Лос Анџелес ќе започне два дена пред церемонијата на отворање на 14 јули, соопшти Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА).

  • Ова приспособување овозможува четвртфиналните натпревари да се играат во текот на два дена, а, исто така, ќе придонесе ниту еден натпревар да не започне претпладне, подобрувајќи го целокупното искуство на играчите, тимовите, навивачите и на коментаторите – соопшти ФИБА по состанокот на својот Извршен одбор.

Според прелиминарната верзија на распоредот на натпреварите, објавена од организаторите на Олимписките игри во 2028 година минатиот месец, натпреварот за бронзен медал и финалето ќе се играат на 29 и 30 јули. Натпреварувањето во кошарка ќе се одржи во стадионот „Инглвуд“, а машките и женските репрезентации на САД ќе се обидат да ги одбранат своите титули од Париз.

ИЗДВОЕНИ