Скандалозни сцени го означија крајот на натпреварот од Првата бразилска лига (НББ) помеѓу Пато Баскет и Каксијас до Сул, одигран во ноќта помеѓу петок и сабота, по наше време, кој заврши со триумф на гостите со 85:91 по две продолженија.

Подебелиот крај го доби еден од судиите на овој натпревар, кој беше брутално претепан од неименувани лица кои беа облечени во опрема на тимот на Пато Баскет. По вербален судир со судиите, еден од поголемите членови на тимот се нафрли врз гореспоменатиот судија, додека друг потоа го чекаше и го „фрли“ на земја.

Следеа ужасни сцени, кога несреќниот судија беше шутнат од неколку лица додека лежеше на подот, а други судии интервенираа за да го спречат овој невиден скандал.

ИЗДВОЕНИ