Непримерно однесување на навивачите повторно предизвика хаос на натпреварите на ВНБА (женска НБА-лига). Секс-играчките повторно завршија на теренот, и покрај претходните апсења и апели од играчите да се запре опасната и понижувачка практика. Два одделни инциденти се случија во вторник вечерта – едниот во „Барклис центар“ за време на натпреварот помеѓу Њујорк Либерти и Далас Вингс, а другиот во арената „Крипто“, каде што Лос Анџелес Спаркс славеше над Индијана Фивер со 100:91.

Во Лос Анџелес, зелен предмет што изгледаше како дилдо заврши на теренот и ја погоди ѕвездата на Фивер, Софи Канингем, а противничката кошаркарка Келси Плам потоа го отстрани предметот од теренот.

ИЗДВОЕНИ