Македонската кошаркарска репрезентација го „сефтоса“ паркетот во „Градски парк“, сала која беше реновирана изминатиот период.

Салата делува поубаво во споредба со тоа што беше до пред реновирањето, блеска како што доликува на објект кој пет и пол децении се нарекуваше кошаркарски храм.

Токму нашата селекција имаше можност прва да зачекори на новиот паркет и под палката на новиот селектор Хосеп Марија Берокал ќе ја брка третата победа во претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 година. Наш следен противник е селекцијата на Луксембург, дуел кој ќе се одигра в петок во 18 часот.

ИЗДВОЕНИ