Кошаркарскиот гигант, екипата на Монако, објави дека еден од нивните млади кошаркари загинал во сообраќајна несреќа во која бил вклучен клупскиот автобус. Неговото име не е објавено, познато е само дека е играч од младинскиот тим, додека беше објавено и дека во судирот се повредени уште пет члена на клубот.

Тренерот, уште тројца играчи и возачот на автобусот се во болница и се надвор од животна опасност.

  • Монако со тага и болка потврдува дека трагична несреќа се случила во текот на ноќта, додека тимот се враќал од натпревар од Третата национална лига одигран претходно оваа сабота. Еден играч го загуби животот, а пет други лица беа повредени (тренерот, тројца играчи и возачот). Сите повредени лица во моментов се на лекување. Во овие драматични околности, претседателот и членовите на клубот изразуваат најдлабоко сочувство до семејството на починатиот и неговите најблиски. Ние сме тука и за повредените, како и за целиот тим погоден од овој настан, се вели во соопштението на Монако.

Француските медиуми сè уште не објавија кој кошаркар починал, бидејќи станува збор за малолетник, но на самата фотографија се гледа дека станува збор за Лоренцо Рено (17 години), кој сè уште немаше дебитирано за првиот тим на Монако, кој е учесник на фајнал-форот во Евролига.

ИЗДВОЕНИ