Сезоната на Де Андре Ајтон со Лос Анџелес Лејкерс доби неочекуван и непријатен пресврт, откако центарот на „езерџиите“ беше уапсен на Бахамите.
Поранешниот прв избор на драфтот беше запрен на меѓународниот аеродром „Линден Пиндлинг“ под сомнение за поседување марихуана, што веднаш го вклучи алармот во таборот на Лејкерси.
Како што објавија светските медиуми, повикувајќи се на извори од „Ројтерс“, адвокатот на Ајтон го потврди краткото притворање на кошаркарот откако полицијата кај него пронашла одредено количество од оваа супстанција.
Иако Ајтон е ослободен, фрлена е сенка врз неговата претходна улога во тимот, а прашањето е како строгите дисциплински правила на НБА ќе реагираат на ова прекршување.
Инцидентот се случува во најлош можен момент бидејќи Лејкерси ја отвораат завршницата од сезоната в петок, со големото градско дерби против Клиперс.
Ајтон беше неопходен играч во почетната постава оваа сезона, стартувајќи на 46 натпревари и конечно почнувајќи да го остварува потенцијалот што го покажа на Универзитетот во Аризона и за време на финалната серија во 2021 година со Феникс. Евентуалното отсуство на стартниот центар поради суспензија би претставувало огромен удар врз амбициите на тимот од Лос Анџелес.










