На американскиот кошаркар Кинан Еванс му требаа 533 дена за да дебитира за евролигашот Олимпијакос. Тој пристигна во клубот од Грција минатата сезона, но мораше да почека до дебито поради скинати лигаменти на коленото. Своето деби го имаше против Кардицу и веднаш импресионираше.

  • Не очекував дека ќе помине толку добро. Долго време сонував за овој натпревар. Прекрасно е чувството да се придонесе за тимот. Се надевам дека ова ќе биде најлошиот натпревар што некогаш сум го одиграл. Секој ден се обидував да направам чекор напред. Не сакав да размислувам премногу напред. Имав голема поддршка, ми велеа дека доаѓаат подобри денови, изјави Еванс по мечот во кој запиша 15 поени, пет асистенции и само еден промашен гол од поле.

ИЗДВОЕНИ