понеделник, февруари 2, 2026
Дома КУЛТУРА Косценаристот на филмот номиниран за Оскар е уапсен во Техеран

Косценаристот на филмот номиниран за Оскар е уапсен во Техеран

34
Меди Махмудијан е уапсен во саботата. Деталите за обвинувањата против него не се достапни.
Но неговото апсење се случи само неколку дена откако Махмудијан и 16 други лица потпишаа изјава со која го осудуваат лидерот на Исламска Република ајатолахот Али Хамнеи и насилните пресметки на режимот со демонстрантите.
Двајца други потписници, Вида Рабани и Абдула Момени, се исто така уапсени.
„Меди Махмудијан не е само активист за човекови права и затвореник на совеста. Тој е сведок, слушател и ретко морално присуство – присуство чие отсуство веднаш се чувствува, како во затворските ѕидини така и надвор од нив“, рече Панахи.
Џафар Пахаи, наградуваниот режисер на филмот „Беше тоа само несреќа“, го осуди денеска апсењето на својот косценарист.
Панахи исто така беше потписник на изјавата од 28 јануари. Во неа, меѓу останатото, се наведува дека „масовното и систематско убивање на граѓаните кои храбро излегоа на улиците да го запрат нелегитимниот режим претставува организиран државен злочин против човечноста“.
Филмот „Беше тоа само несреќа“ е номиниран за Оскар за најдобро сценарио и за најдобар меѓународен филм“.
Тој филм, снимен тајно во Иран, е француска номинација за Оскар за најдобро странско остварување“, пренесува „Бета“.

ИЗДВОЕНИ