Европската комесарка за проширување Марта Кос оцени дека е лага дека одлуката на Советот на ЕУ ќе спречи трансфер на гас за Србија. „Наместо тоа, ЕУ ја поддржува Србија во диверзификацијата на сите извори на снабдување и интегрирањето во енергетските мрежи на ЕУ“, пренесе „Н1“.
Зборувајќи за жртвите од уривањето на настрешницата во Нови Сад, Кос рече дека „тој момент на тага нè допре сите нас, а особено ја допре Србија“.
„Трагедијата и нејзините последици дополнително ја продлабочија поларизацијата на општеството во Србија. Во последните 11 месеци, студентите и граѓаните протестираат во градовите и селата и бараат одговорност. Корупцијата и неодговорноста се двата главни предизвикувачи на протестите, а тие исто така претставуваат мотив за незадоволство од недостатокот на демократија, опструкцијата на медиумите и неказнивоста на политичарите“, нагласи таа.
Како што изјави таа, Комисијата ја следи оваа ситуација.
Таа нагласи дека полицијата генерално го почитувала правото на собирање за време на протестите, но неодамна имало инциденти на насилство врз студенти, мирни демонстранти и новинари, како и несоодветна употреба на сила.
„Очекуваме одговорот на полицијата да биде пропорционален и дека основните права се почитуваат. ЕУ очекува истрагата на овие случаи да биде приоритет, а исто така ги осудуваме сите акти на омраза, вандализам и насилство од страна на демонстрантите и продолжуваме да ги повикуваме двете страни на деескалација на тензиите“, рече таа.
Таа, исто така, потсети дека очекуваат Србија, како земја-кандидат за пристапување во ЕУ, да ги почитува клучните вредности што се темели на Унијата, а тоа се – слободата на собирање, медиумите и академската слобода – клучни елементи на пристапувањето на Србија и тие треба да се придржуваат до нив.
Таа го поздрави напредокот во однос на донесувањето на законот за регистарот на гласачи и РЕМ и додаде дека е потребно да се спроведат препораките на ОДИХР со цел да се обезбедат еднакви услови за сите.
„Ставот на ЕУ е дека Србија треба да направи јасен и гласен стратешки избор – блиски односи со Москва и Пекинг, придружени со критички изјави кон ЕУ, не се очекуваат од земја-кандидат“, изјави таа.
Одлуката на Советот на Европската Унија дека увозот на руски гас во земјите од Европската Унија треба да се забрани од 1 јануари 2026 година, што важи и за транзитот на овој енергетски извор преку ЕУ до трети земји, рече Кос, не имплицира дека земјите-членки ќе ги прекинат трансферите кон трети земји како Србија.
„Ова се лаги. Наместо тоа, ЕУ ја поддржува Србија во диверзификацијата на сите извори на снабдување и интегрирањето во енергетските мрежи на ЕУ. Би ја повторила забелешката на Вучиќ на конференцијата со Фон дер Лајен, на која тој изјави дека стратешката цел на Србија и вчерашната одлука се целосно во согласност со тоа“, изјави таа.
„Сега е моментот властите да ја покажат посветеноста на Србија на нејзиниот пат кон ЕУ – со зборови и дела“, заклучи таа.