epa12196670 Elina Svitolina of Ukraine in action during her Round of Sixteen match against Beatriz Haddad Maia of Brazil at the Bad Homburg Open tennis tournament in Bad Homburg, Germany, 25 June 2025. EPA/RONALD WITTEK

Не е прв пат, не е ни последен, но не треба да не го забележуваме ова зло што се шири на социјалните мрежи со години. Редовно се случува тенисерите, особено тенисерките, да трпат навреди по пораз на турнирите. Токму тоа ѝ се случи на Елина Свитолина, која загуби убедливо од Наоми Осака со 6:2, 6:2, во четврт-финалето на мастерс турнирот во Монтреал. На луѓето што се обложуваа на поинаков исход не им се допадна ова, па го истурија својот гнев со многу навреди кон Украинката. Таа не го криеше тоа, туку храбро го објави.

– До сите оние што се обложуваат, јас сум прво мајка, а потоа спортистка. Начинот на кој им се обраќате на жените, мајките е многу срамен. Да видеа вашите мајки што сте напишале, ќе се срамеа од вас – напиша таа на мрежата X.

Таа ги објави и навредите, од највулгарните до оние поврзани со војната во нејзината татковина.

„Се надевам дека Русите ќе ги убијат Украинците, загубивте од Јапонка, вратете се… (проследено со вулгарности)“. „Русите нека ги силуваат украински деца, ха, ха (проследено со вулгарности)“. „Се надевам дека ќе умреш вечерва, парите од продажба на кибрити нема да ти служат (пцост) кога ќе те убијам, кучко“. „Корумпирана кучко, кармата ќе плати за тебе“, „Се надевам дека Русите ќе ве убијат сите вас, Украинци“, „Вашата земја е во војна, а вие сте толку засрамени“, ова се само дел од пораките што пристигнале до Украинката.

И така по ред, полошо и полошо. Очигледно е дека постои голем проблем во начинот на кој се користат социјалните мрежи и одамна е време да се реши овој проблем.

ИЗДВОЕНИ