
Најпознатиот новинар кога се во прашање трансферите, Фабрцио Романо, откри дека германскиот гигант Баерн (М) се обидел за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на Арсенал, Габриел Мартинели. Откако не добиле позитивен сигнал од челниците на Арсенал, раководните лица на баварскиот гигант се фокусирале на колумбискиот интернационалец од редовите на Ливерпул, Луис Дијаз, кој на крајот заврши во Минхен.