
Турскиот суперлигаш Фенербахче не успеа во намерата да ги осигура услугите на полскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Роберт Левандовски. Искусниот напаѓач има договор со Барса до крајот на актуелната сезона, а како што информираат шпанските медиуми, Левандовски без размислување ја одбил понудата да потпише 18-месечен договор со Фенербахче.











