
Последната летна аквизиција на шпанскиот прволигаш Бетис од Севилја, Антони, откри дека голем интерес за неговите услуги покажал најтрофејниот германски клуб, Баерн (М). Бразилскиот интернационалец додаде дека баварскиот клуб му понудил годишна плата од 7 мил. евра, но понудата ја одбил со образложение дека веќе дал збор за кам-бек во редовите на Бетис.