По спектакуларната победа на Турција над Србија (95:90), Фуркан Коркмаз, кој постигна осум поени на овој меч, рече дека сега некои ќе „го почитуваат неговиот тим многу повеќе“ отколку досега.

  • Се чувствувам одлично! Сè уште е групна фаза, но важно е да се победи и пред сè сум среќен затоа што игравме навистина квалитетна и добра кошарка. Ми кажаа дека сме погодиле 18 тројки од 31 обид, тоа е навистина многу. Играме феноменална кошарка, ја делиме топката и имаме талентирана група играчи. Сега мора да нè почитуваат повеќе од кога било, но и ние мора да се почитуваме себеси, за да продолжиме да играме вака, нагласи Коркмаз.

ИЗДВОЕНИ