Одлуката за избор на понудувачи што ќе учествуваат во постапката за јавно наддавање ќе се донесе во рок од 10 дена од денот на јавното отворање на понудите. Во одлуката ќе се утврдат местото и времето на одржување на јавното наддавање, кое нема да биде пократко од 14 дена и подолго од 30 дена од денот на донесување на одлуката.
АЕК на 19 јули годинава распиша тендер за доделување радиофреквенции откако три оператори покажаа интерес за влез на нашиот пазарот. Едниот е „ОНЕ Македонија телекомуникации“, фирмата што унгарската 4iG што ја регистрираше во земјава, другиот е „е&PPF Telekom Grup“ – меѓународна телекомуникациска и инвестициска групација, а третиот е „Бистрим мобајл“, македонска фирма за телекомуникациски и интернет-услуги, која, според достапните информации, во моментов нема ниту еден вработен ниту какви било приходи
Утре ќе се отворат понудите и ќе се знае кој се пријавил на тендерот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за добивање фреквенции за трет мобилен оператор во Македонија. Според објавата во „Службен весник“, одлуката за избор на понудувачи што ќе учествуваат во постапката за јавно наддавање ќе се донесе во рок од 10 дена од денот на јавното отворање на понудите. Во одлуката ќе се утврдат местото и времето на одржување на јавното наддавање, кое нема да биде пократко од 14 дена и подолго од 30 дена од денот на донесување на одлуката.
АЕК на 19 јули годинава распиша тендер за доделување радиофреквенции откако три оператори покажаа интерес за влез на нашиот пазарот. Едниот е „ОНЕ Македонија телекомуникации“, фирмата што унгарската 4iG што ја регистрираше во земјава, другиот е „е&PPF Telekom Grup“ – меѓународна телекомуникациска и инвестициска групација, а третиот е „Бистрим мобајл“, македонска фирма за телекомуникациски и интернет-услуги, која, според достапните информации, во моментов нема ниту еден вработен ниту какви било приходи.
АЕК понуди 3 фреквенции со различен опфат, со почетна цена од 4,2 милиони евра за првата, 1,5 за втората и 2,3 милиони евра за третата фреквенција. За да почнат со давање услуги, ќе им требаат сите три, што значи новиот оператор за почеток ќе треба да плати најмалку 8 милиони евра.
Инаку 4iG минатата година потпиша меморандум за соработка со македонската Влада и објавија дека по влезот во Црна Гора и на Албанија, сака да се прошири и кај нас. „е&PPF Telekom Grup“, пак, е присутен во Словачка, Унгарија, Бугарија и во Србија.
Очекувањата се граѓаните од следната година, конечно, да можат да ги користат услугите на новиот мобилен оператор. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, очекува со влезот на новиот оператор граѓаните да добијат подобри услуги по поволни цени, државата да добие пар и од лиценците што ќе ги додели АЕК и да има нови инвестиции во телекомуникациската мрежа.
Од новиот оператор се очекува да понуди пониски цени за услугите во мобилната телефонија. Aнализата на АЕК покажа дека корисниците на постојните два оператора се најмалку задоволни од цената што ја плаќаат за услугата што им се нуди. Споредбено со земјите од регионот, во моментов само Макeдонија и Албанија имаат по два оператора. Во земјава, во моментов има два мрежни мобилни оператора – „Т-Мобиле“ и А1 и четири виртуелни оператори: „Лајкамобил“, „Телекабел“, „Грин мобајл“ и „М-Тел“. Сепак, „Т-Мобиле“ и А1 држат 96 отсто од пазарот на мобилна телефонија. Во Македонија, до 2015 година имаше три мобилни оператори, но тогашните „Уан“ и ВИП се споија во една фирма „Уан.Вип“, која во 2019 се преименува во „А1 Македонија“. По спојувањето, АЕК им одзеле дел од фреквенциите, токму за да остават простор за евентуален влез на трет мобилен оператор.
(С. Бл.)