Најдобро рангираните тенисер во светот Карлос Алкараз и Јаник Синер ќе играат егзибициски натпревар во Јужна Кореја. Иако точниот датум на новиот дуел помеѓу Шпанецот и Италијанецот сè уште не е утврден, медиумите наведуваат дека најверојатно ќе се одржи на 10 јануари.
Местото ќе биде „Инчеон инспајр арена“ во Сеул, која во претходните години беше домаќин на некои големи музички, културни и спортски настани. Последен пат голем тениски натпревар се играше на тоа место помеѓу Роже Федерер и Пит Сампрас во 2007 година.
Спонзор на дуелот помеѓу Синера и Алкараз е компанијата „Хјундаи“, која, секако, имаше добра преговарачка моќ да ги убеди двајцата најдобро рангирани тенисери во светот да ја прифатат поканата.
Алкараз и Синер досега одиграа 15 натпревари, од кои Шпанецот победи на десет. Натпреварот во Кореја нема да биде внесен во нивната официјална статистика.











