Координативниот центар за потраги и спасување при воздухопловни несреќи во цивилното воздухопловство под надлежност на ЦУК

13

Од 1 февруари 2026 година, Координативниот центар за потраги и спасување при воздухопловни несреќи во цивилното воздухопловство ќе биде под надлежност на Центарот за управување со кризи.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Али Мухамед, и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), Драги Стојаноски, денеска потпишаа Договор за деловно-финансиска соработка меѓу двете институции.

Како резултат на договорот, ЦУК ја превзема обврската за формирање на Координативен центар за потраги и спасување при воздухопловни несреќи во цивилното воздухопловство.

– Со овој договор се уредува меѓусебната соработка во делот на потрагата и спасувањето во областа на цивилното воздухопловство, преку размена на информации, координација, финансиска и логистичка поддршка. Целта на договорот е унапредување на безбедноста и ефикасноста при спроведување на активности за потрага и спасување – соопштија од ЦУК.

Оттаму додаваат дека потпишувањето на овој документ претставува потврда за континуираната заложба на двете институции за подобрување на системот за управување со кризи и воздухопловна безбедност во државата.

ИЗДВОЕНИ