Европската конвенција за спречување на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување, како и нејзините два протоколи, повеќе не се во сила во Русија поради одбивањето на Советот на Европа да обезбеди застапеност на Русија во телата на организацијата, објави во понеделникот Тасс откако рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот.
Русија ќе остане потписник на клучните меѓународни договори што ја забрануваат тортурата, а властите ќе продолжат да се борат против кршењата на човековите права преку спроведување на националното законодавство во оваа област, соопшти руската новинска агенција.
Во документот потпишан од Путин се наведува дека Европската конвенција за спречување на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување од 26 ноември 1987 година и Протоколите бр. 1 и бр. 2 од 4 ноември 1993 година, потпишани во име на Руската Федерација во Стразбур на 28 февруари 1996 година, треба да бидат „откажани“.