Веќе претера со настапите! Тој е сега веќе многу популарен рапер овде на Балканот, името му е Драгомир Деспиќ, а прекарот – Десингерица. Токму со таков чуден прекор направи голема популарност и тоа блгодарејќи им на сценските перфоманси, од кои луѓето се плашеа да застанат пред самата бина додека Десингерица настапува. Тој кршел живи јајца на главите на обожавателите од публиката, правел пита и палачинки врз нивните глави. Освен што ги полевал со пиво, на една девојка ѝ плукнал во уста.
– Кога плукам во уста на луѓето не правам ништо лошо. Правам сè што ме прави среќен на бината. Секојпат го менувам сценскиот настап, тоа го правам спонтано. Како ќе ми дојде, така се однесувам. Не можам да кажам што е најлудото нешто што сум го направил, затоа што за мене сè е нормално, објаснува Десингерица кој од неодамна е дел од шоуто “Ѕвездите на Пинк“ во кое настапуваат и пејачите од Македонија, а кои тој ги оценува, заедно со Јелена Карлеуша, Зорица Брунцлик, Вики Миљковиќ…..
Многумина луѓе протестираат против ваквите контровезни и ненормални настапи на Десингерица. Бараат од државата Србија веднаш да му се забранат перверзните перфоманси. Да се упристои. – Ништо чудно еден ден од него да видиме како се самозадоволува пред собраниот народ, за кој не би можеле да кажеме дека му се обожаватели, туку глупи посматрачи, коментараат луѓето на социјални мрежи.
Последното нешто за што Десингерица веројатно ќе заработи кривична пријава од Друштвата за заштита на животните е неговиот нехуман настап кога го мачеше живото јагне. Јагнето се обидувало да избега, додека Деспиќ неуморно ја пееше песната „Чоколада“. Ваков настап предизвика лавина негативни коментари. – Ова нема врска со уметноста, ова е злоупотреба на животните за комерцијални цели, мора да добие соодветна казна. Раперот да се спречи со своите понатамошни настапи. Ако е пејач тогаш нека пее, нека не глуми циркуски кловн, велат од Друштвата за заштита на животните. (Д.М.)












