
Шокантни сцени беа видени во салата „Мир и пријателство“ во Атина. Љубителите на кошаркатаа имаа можност видат бројни скандали во режија на контроверзниот сопственик на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, но овој пат тој навистина ги премина сите можни граници.
Вториот натпревар од финалната серија на грчкото првенство помеѓу Олимпијакос и Панатинаикос беше засенет од срамните испади на богатиот сопственик на „Зелените од Атина“
Откако стапна на паркетот, почна да создава проблеми. Влезе во жешка вербална расправија со навивачите на Олимпијакос и беше исфрлен од салата пред почетокот на натпреварот. Сепак, вистинскиот хаос следеше дури потоа. По конфликтот со претставниците на Олимпијакос, тој избега во соблекувалната, се расправаше со полицијата и конечно, со помош на своето обезбедување, беше извлечен од салата за да избегне апсење.
Во Грција се прошири веста дека е издадена потерница по него и дека има 48 часа да се јави во полиција.
ΧΑΧΑΧΑΧΑΧΑΧΑΧΑΑΧΧΑΧΑΧΑΑΧΧΑΧΑΧΑΧΑΧΑΧΑΧΑΑΧ
ΚΟΚΟΚΟΚΟΚΟΚΟΚΟΚΟΚΟΚΟ
ΟΙ ΚΟΤΕΣ ΤΟ ΣΚΑΣΑΝΕ
#olympiacosbc pic.twitter.com/NHrMaXX42r
— Giovanni_10 (@giovannigate7) June 1, 2025
Шокантни обвинувања
Генералниот директор на Олимпијакос, Никос Ангелолупос, тврди дека Јанакопулос упатил подли закани до ко-сопственикот на тимот од Пиреја, Јоргос Ангелопулос, по натпреварот.
„Двапати дојде кај нас и рече: „Одете, кажете му на Ангелопулос дека ќе ја силувам неговата ќерка пред негови очи.“
Инцидентот наводно се случил под кошот и бил снимен со камера.
Шокираниот Ангелопулос го потврди ова во интервју за „Nova.gr“.
„Тој на најдиректен начин рече дека ќе ја зграби мојата ќерка и ќе ѝ направи секакви работи пред мене. Има сведоци. Тој човек направи да се чувствувам лошо. Верувам дека Панатинаикос е горд на него. Сè што кажувам е лесно да се потврди, сè е на видеата. Одговорноста сега е на државните властит. Направивме сè што е можно за да не се повреди ниту една глава, но тој човек е токсичен. Тој е дефиниција за насилство. Никакво извинување нема да биде прифатено“, кажа првиот човек на Олимпијакос, Ангелопулос.
По натпреварот, Олимпијакос издаде соопштение во кое наведува дека обвинителот издал налог за апсење на Јанакопулос.
«Μη χειροδικειτεεεεεεε»
«Με δέρνουν ρε»
ΑΥΤΟΣ ΕΙΝΑΙ Ο ΓΑΜΙΑΣ ΡΕ ΒΑΖΕΛΕΣ.
ΑΔΕΡΦΑΡΑ ΤΡΑΚΗ ΡΟΥΜΑΝΕ#OlympiacosBC pic.twitter.com/lFRbW7weNI— JOHN_PAPA (@john_papa7) June 1, 2025
„Полицијата моментално го бара Димитрис Јанакопулос. Бараме од Грција како земја веднаш да го уапси. Не знаеме каде живее, но тие знаат“, јасно рече Ангелопулос.
Видео од Јанакопулос како трча кон својот автомобил и брзо ја напушта салата се појави на социјалните мрежи синоќа. Тој за малку избегна прегазување на полицаец кој безуспешно се обиде да го запре.
ПАО негираше дека Јанакопулос избегал од салата за да избегне апсење. Тие тврдат дека не бил информиран за можноста за апсење и дека ја напуштил салата сам затоа што целата сала го навредувала него и неговата ќерка, а никој не направил ништо за да го спречи тоа.
Подоцна објави на Инстаграм и рече дека со години размислувал за пензионирање од клубот, но дека по сè што се случило – додека е жив ќе биде во соништата на навивачите и сопствениците на Олимпијакос.