И покрај многубројните апели за разумно и рационално користење на водата во периодите на високи температури, како и информациите за зголемена потрошувачка на водата упатени до граѓаните, Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ регистрирало голем број граѓани што вршат нерационално користење на водата.
Од претпријатието велат нивните контролори, кои секојдневно се излезени на терен, забележале нерационално користење на водата на булеварите „Никола Карев“, „Македонско-косовска бригада“, „Јане Сандански“ и „Христо Татарчев“, како и на улиците: „Прохор Пчински“, „Стојко Јовановски“, бр. 98, „Костурска“, бр. 3, „ Хаџи Јован Шишков“, „Бутелски венец“, „Методија Митевски“, „Ресенска“, „Вашингтонска“, „Нов живот“, „Рилски конгрес“, „ Црниче“ и „Леринска“.
Акцијата, како што велат од ЈП „Водовод и канализација“, ќе продолжи и во наредниот период, со цел заштита на водата за пиење од злоупотреба и нерационално користење.